Познати финалистите на турнирите во Софија и Монпелје

На АТП турнирот кој се игра во Софија (Бугарија), денес на програмата беа полуфиналните дуели.

Првиот носител, Шпанецот Роберто Баутиста - Агут го совлада Жил Милер со 2-0 (7-6/5,  6-3). По денешната победа шпанскиот тенисер сега води со 3-2 во меѓусебните дуели. Србинот Виктор Троицки се пласира во финалето по победата над Мартин Клизан со 2-1 (4-6, 6-3, 7-5). 

На турнирот во Монпелје (Франција) во првиот дуел домашниот тенисер Пол-Анри Матје го совлада Германецот Алехандер Зверев по голема битка со 2-0 (7-6/11, 7-5) и се пласира во своето десетто АТП финале. Во второто полуфинале Гаске се намачи против Германецот Браун победувајќи го во три сета (1-6, 6-4, 6-3).

Утре на програмата е финалето во кое ќе се сретнат двата домашни играчи, Гаске против Матје.