Позната ждрепката за турнирот во Женева, Ѓоковиќ втор носител

Турнирот во Женева ќе биде загревање за дел од тенисерите за Ролан Гарос, а меѓу нив ќе биде и најтрофејниот Новак Ѓоковиќ кој брка стота АТП титула во кариерата. Србинот ќе мора да фати залет бидејќи неодамна се откажа од Мастерсот во Рим без вистинско објаснување.

Ѓоковиќ е поставен како втор носител, па автоматски е слободен во првото коло, а во второто ќе игра против победникот од дуелот меѓу Зизу Бергс и Мартон Фучович.

Во потенцијално четвртфинале, можно е да го очекува пресметка со Матео Арналди или Фабијан Марожан, додека во полуфиналето би можел да се соочи со Алексеј Попирин или Томаш Махач – тенисерот што лани го елиминираше Ѓоковиќ во ова натпреварување.

На другата страна на ждребот, прв носител е Американецот Тејлор Фриц, кој важи за главен фаворит за финале, а тука се и Хачанов, Хуркач, Микелсен...

Турнирот во Женева се игра од 17 до 24 мај.