Познат турнирот на кој што Федерер ќе го има кам-бекот по една година

Федерер

По една година пауза од терените, Роџер Федерер е подготвен да му се врати на тенисот. Повредата на коленото за него е минато, па наскоро се очекува да ги започне подготовките за новата сезона.

Негов прв турнир ќе биде Австралија опен, онаму каде што последен пат навивачите имаа можност да го гледаат. Во полуфиналето загуби од шампионот Новак Ѓоковиќ, а потоа одлучи да ја искористи пандемијата за да се посвети на здравјето.

Првиот Грен слем турнир во 2021 година ќе започне подоцна од очекуваното. Коронавирусот и строгите протоколи на австралиските надлежни органи предизвикаа одложување на натпреварите во Мелбурн за февруари.

По подолго време Федерер ќе ги предизвика големите ривали и ќе биде во конкуренција за еден голем трофеј.