Познат патот на Ѓоковиќ до олимписко злато во Токио

Новак Ѓоковиќ, за разлика од своите најголеми ривали, Рафаел Надал и Роџер Федерер одлучи да учествува на Олимписките игри во Токио. Првиот тенисер во светот сака да го нападне „Златниот слем“, а денес го дозна и својот прв противник на Игрите.

Српскиот претставник тенискиот турнир ќе го отвори против Уго Делиен од Боливија, а доколку ја мине првата пречка, во второто коло ќе се судри со подобриот од Германецот, Штраф и Бразилецот Монтеиро.

Потенцијални противници на Србинот во четвртфиналето и полуфиналето се Андреј Рубљев и Александар Зверев. На другата страна на ждрепката се Даниил Медведев и Стефанос Циципас. Српскиот претставник може да се сретне со нив само во финалето.

Победата на Вимблдон го стави Ѓоковиќ во позиција да го продолжи својот сон и да го повтори успехот на легендарниот Род Лејвер – во иста година триумф на сите четири Грен слемови и злато од ЛОИ.