• Мартин Танасковски
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го обезбеди своето прво финале на Грен Слем турнирот Вимблдон во кариерата, со победа над најтрофејниот играч на престижните турнири, Новак Ѓоковиќ, кого го совлада со 3-0 во сетови (6-3, 6-3, 6-4).
Мечот траеше речиси два часа, а Новак Ѓоковиќ на овој дуел тешко парираше на ривалот заради повреда на ногата. Српскиот ас во неколку наврати бараше помош од лекарскиот тим, а во третиот сет повика и медицински тајм-аут кој не му помогна премногу.
Јаник Синер во финалето на Вимблдон ќе игра против шпанскиот ас Карлос Алкараз кој претходно го совлада Американецот Тејлор Фриц.
ФОТО: Wimbledon / X


