• Иван Димовски

Карлос Алкараз има можност периодот од сезоната кој се игра на земјена подлога да го дочека на првото место на АТП ранкингот, меѓутоа нема лесна задача.
Сега водечки е Новак Ѓоковиќ, на турнирот во Дубаи доби дополнитени 180 поени и има 7.160, што е за 380 повеќе од Шпанецот. Српскиот ас веројатно ќе паузира до почетокот на април и мастерсот во Монте Карло, па тоа е шанса за ривалите да се приближат.
Имено, Алкараз може сезоната на земја да ја дочека како прв, ама за тоа треба да ги освои титулите на двата мастерси во Соединетите Американски Држави, Индијан Велс и Флорида. Сепак, проблем за Шпанецот се повредите, тој во моментов заздравува и нема да настапи во Акапулко. Математиката е јасна, ама засега нејасно е дали Алкараз може да заздрави и да дојде до два трофеи во краток рок.