Потврден првиот случај на заразен со коронавирус во тенискиот свет

Коронавирусoт се рашири и во тенискиот свет, откако Бразилецот Тиаго Селбот Вајлд, е првиот заразен тенисер кој јавно соопштил дека е позитивен на ковид-19.

Талентираниот Вајлд пред повеќе од месец дена го освои својот прв АТП трофеј, откако славеше на турнирот во Сантијаго, но во следниот период ќе мора да се бори со невидливиот противник. 

„Сакам јавно да соопштам дека сум позитивен на коронавирус. Веќе седум дена сум во самоизолација, се чувам себе си, а со тоа и моите најблиски. Ги почитувам препораките на властите и ве замолувам истото да го сторите и вие“, напиша Вајд на социјалните мрежи.

20-годишниот тенисер својот последен натпревар го одиграл пред 19 дена во Аделеида, каде со својата репрезентација гостуваше кај Австралија во рамките од квалификациите на Дејвис Купот.