ВИДЕО: Потегот на Ѓоковиќ кој им пркоси на законите на физиката

Новак потег

Новак Ѓоковиќ заедно со Роџер Федерер и Рафаел Надал се главни фаворити за трофејот на Вимблдон.

Србинот ќе има мала предност пред конкурентите, бидејќи на патот до полуфиналето имаше далеку послаба конкуренција. Исто така, неговите лути ривали ќе играат меѓу себе за пласман во големото финале, а тој ќе се соочи со Шпанецот Роберто Баутиста-Агут.

Вчера, светскиот рекет број еден лесно се справи со незгодниот Давид Гофан, а направи и потег кој предизвика чудење и неверица во тенискиот свет.

Тој е познат по својата борбеност и по неверојатните потези на трева со помош на својата еластичност. Со истата вчера ја одушеви публиката и ја збогати колекцијата невозможни удари во кариерата.

Погледнете го неверојатниот потег на српскиот тенисер: