ВИДЕО: Последниот маратон во финалето против Федерер донесе среќен крај за Ѓоковиќ

Ѓоковиќ Федерер

Пред пет години се случи вистински спектакл во финалето на Вимблдон. Новак Ѓоковиќ го предизвика и на крај успеа да го победи големиот Роџер Федерер во маратонски меч од пет сета.

Србинот играше против својот противник, но и против цела публика. Мнозинството од навивачите беа на страна на швајцарскиот ас кој сепак на крај ги разочара и потклекна во последниот и одлучувачки сет.

Сега четирикратниот шампион Ѓоковиќ направи брејк при резултат 5-4 во последниот сет и тогаш ја запиша втората титула во Лондон.

Потсетете се на епското финале од 2014 година: