Последици од Вимблдон: Федерер го откажа настапот во Монтреал

Роџер Федерер Монтреал

Исцрпувачките две недели на Вимблдон не завршија со хепи-енд за Роџер Федерер. Осумкратниот шампион повторно загуби во финалето и тоа по пет часа игра и пет одиграни сета.

Ветеранот од Швајцарија знае дека на својата возраст мора многу да внимава на својот распоред, па тоа го натера да се откаже од турнирот во Монтреал. Во Канада, швајцарскиот ас требаше да наполни 38 години, но поради замор нема да биде во можност да патува за овој Мастерс.

Таму нема да биде и Рафаел Надал кој сака да ги сочува силите за да биде максимално подготвен за УС Опен, последниот Грен слем турнир во сезоната.

Новак Ѓоковиќ, пак, допрва ќе одлучува за своите идни настапи. Најпрво ќе замине на заслужен одмор со своето семејство, а потоа ќе се упати на турнејата во Северна Америка.