ВИДЕО: Поради загадениот воздух во Мелбурн српска тенисерка почна да се гуши и го предаде мечот

Српската тенисерка Далила Јакуповиќ по лошо ќе го памети своето учество во квалификациите на Австралија Опен. Таа во рамки од првото коло беше пред победа на дуелот против Воеџел од Швајцарија, но во финишот од вториот сет го предаде мечот. 

Причината е поради високите температури и загадениот воздух во Мелбурн, кои како последица од пожарите ширум Австралија им прават многу проблеми на натпреварувачите.

„Не можев да дишам, не можев да се исправам. Се чувствував многу лошо, лута сум и тажна. Ја имав победата во свои раце, но не можев да го завршам мечот. Немам никакви проблеми со дишењето, немам асма, но овде беше навистина многу тешко да се игра. Никогаш не сум доживеала вакво нешто. Се плашев да не колабирам, седев на подот, бидејќи не можев да станам“, рече Јакуповиќ по натпреварот.

Инаку, токму заради лошиот воздух, од организаторите на првиот овосезонски Грен слем забранија да се тренира во „Мелбурн Парк“, но за да се запази рокот на почетокот на турнирот не можеа да ги одложат натпреварите од квалификациите.