„Помладите тенисери повеќе не се плашат од Ѓоковиќ“

Легендарниот Матс Виландер смета дека помладите тенисери кои што се наоѓаат во ТОП 10 листата на АТП, не се плашат повеќе од Новак Ѓоковиќ и веруваат дека можат да победат над големиот шампион.

Српскиот тениски ас годинава освои три Грен слем турнири - Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон. Во финалето на УС Опен загуби од Данил Медведев, а во полуфиналето на Олимписките игри и Завршниот Мастерс од Александар Зверев.

„Најголемата разлика е што момците кои што се зад Новак сега веруваат дека можат да го победат на која било подлога, во секое време. Мислам дека веќе не се плашат од него, освен во ситуацијата кога на Грен слем се игра четврти или петти сет“, изјави Виладер.

Ѓоковиќ моментално со репрезентацијата на Србија се подготвува за учество на завршниот Дејвис Куп турнир, кој се игра во Торино.