ВИДЕО: Помисли дека загуби глава - Федерер „до смрт“ исплаши навивач на трибините

Фед

Роџер Федерер загуби во полуфиналето на Ролан Гарос од вечниот ривал Рафаел Надал и пропушти можност да игра во уште едно Грен слем финале.

Шпанецот немаше милост кон противникот и во три сета го реши прашањето на победникот.

Швајцарскиот ас играше бледо и на моменти тоа го изразуваше со нервоза на теренот. Во еден момент се реши силно да удри топче во горниот дел од трибините, но неговиот потег исплаши еден навивач од првите редови.

Тој помисли дека ќе добие топче во глава, реагираше несвесно и ја загуби капата при обидот да се „спаси“ од ударот на тенисерот од Базел.