Погрешна проценка: Таткото го советуваше Надал да го предаде мечот (ВИДЕО)

Надал

Рафаел Надал и покрај проблемите со стомачен мускул обезбеди полуфинале на Вимблдон, совладувајќи го Тејлор Фриц по пет сета.

Шпанецот на двапати го повика докторот и направи кратка пауза. Реакцијата на неговиот татко е хит на социјалните мрежи. Кога се појавија првите проблеми, Себастијан му сугерираше на својот син да го предаде мечот и да не ризикува, со цел да избегне посериозни последици.

Во полуфиналето Надал го чека Ник Кирјиос, кој го доби своето четвртфинале против Кристиан Гарин од Чиле.