ВИДЕО: Погоди девојче со топче во глава, па направи гест за почит

Александар и Миша Зверев испаднаа во првото коло на турнирот во двојки во Рим, но нивниот меч ќе се памети долго, поради гест за почит кон едно девојче.

Во првиот сет, при резултат 3-3, Александар Зверев неконтролирано удри топче кое заврши во публиката. И тоа во лицето на едно девојче. Откако забележа дека го удри девојчето, тенисерот го прекина натпреварот и реши да направи голем гест.

  • Моментот кога Зверев го удри девојчето во Рим:

Тој веднаш отиде до трибината и зборуваше со девојчето и мајката, а во знак на извинување на малото детенце ја подари траката која ја носи на глава. 

„Видов дека го удрив тоа мало девојче, немав намера да направам такво нешто. Видов дека плаче, дека е тажна, па помислив дека мал подарок ќе ја развесели. Мислам дека го направив вистинското нешто и дека ѝ го разубавев денот“, изјави Зверев.

Зверев сега го чека натпревар во сингл-конкуренција во Рим, а ривал во првото коло е Матео Беретини.