ВИДЕО: Поенот со кој Баутиста-Агут ја „уништи“ самодовербата на Ѓоковиќ

Баутиста

Шпанецот Роберто Баутиста-Агут одигра еден од подобрите мечеви во кариерата и го совлада Новак Ѓоковиќ за место во финалето на турнирот во Доха.

Србинот пропушти огромна шанса на овој дуел, имаше сет и брејк предност, а на крај дозволи противникот да направи пресврт и да го елиминира во полуфиналната фаза.

Поенот кој донесе висока самодоверба кај Баутиста-Агут и незадоволство на спротивната страна се случи при резултат 4-4 во вториот сет. По една долга размена, шпанскиот тенисер одговори на сите удари на светскиот рекет број еден, а потоа на спектакуларен начин го освои поенот.

Погледнете го најубавиот поен од вчерашниот меч: