ВИДЕО: Поенот на годината за Троицки, но за негова жал не е регуларен

Синоќа започна третото коло до АТП Мастерсот во Мајами, а најубедливата победа ја извојува Давид Гофин против Виктор Троицки со резултат од 6-1, 6-1. Сепак Србинот е заслужен за најдобриот потег на натпреварот откако на една скратена топка од Гофин во полн налет ја прескокна мрежата и го заби топчето во противничкиот терен. Се разбира му поенот беше препишан за Белгиецот, но овациите од публиката и славата по социјалните мрежи му припаднаа на Троицки.