ВИДЕО: Поен на турнирот, сезоната, кариерата – Медведев ги собра аплаузите во Монтреал!

Даниел Медведев со сигурни 6-1 и 7-6/6 славеше над сонародникот Карен Хачанов и обезбеди финале против големиот Рафел Надал на Роџерс Купот во Монтреал. 

Одличниот руски тенисер во секој сегмент доминираше против Хачанов, а на овој меч зад своето име го запиша и поенот на турнирот, но можеби и на сезоната. Иако беше во незавидна ситуација и мораше топчето да го врати во игра со удар меѓу нозете, тоа го направи на фантистичен начин и со создаде предност која по неколку размени ја искористи и ги собра аплаузите од трибините. 

  • Атрактивниот поен на Медведев во Монтреал: