• Горан Упале
Јасмин Паолини, 28-годишната италијанска тенисерка, е главна тема на овогодинешниот Ролан Гарос. Моментално петнаесетто рангираната тенисерка во светот во средата го заврши сонот на талентираната Мира Андреева во Париз и по два лесни сета (6-3, 6-1) се пласира во финалето во сингл, каде ја чека трикратната шампионка Ига Швионтек.
Тоа не беше доволно за Паолини, која еден ден подоцна повторно излезе на теренот за да обезбеди уште едно финале на Отвореното првенство на Франција. Во конкуренција на двојки Италијанката, заедно со сонародничката Сара Ерани, ја надигра украинско-романската двојка составена од Марта Костјук и Елена Габриела Русе со 2-1 во сетови и се пласираа во големото финале.
Паолини и Ерани допрва треба да ги добијат своите ривалики во финалето. Дури три Американки играат во второто полуфинале – Долехед/Кравчик против Гоф/Сињакова.
Паолини утре ќе истрча на терен во финалето во сингл со Швионтек, а тој дуел на „Филип Шатрие“ нема да започне пред 15:00 часот.