Почина прославениот Австралиец кој освои осум Грен слем титули

Поранешниот австралиски тениски великан, Ешли Купер почина во 83-тата година од животот откако долго боледуваше. Овој Австралиец остави значителен печат за спортот во оваа земја, а член е на тениската „Куќа на славни“ од 1991 година. 

Купер во својата тениска кариера имаше освоено четири Грен слем титули во текот на педесеттите години од минатиот век, кога освои два трофеи на домашниот Австралија Опен, а по еден на УС Опен и Вимблдон. 

Освен четирите Грен слема во сингл, тој освои исто толку и во двојки, од кои три со Фрејсер и еден со Андерсон. Тенисот во Австралија во тој период беше на врвот од светските листи, па натпреварувачите од оваа земја беа меѓу најдобрите.