• Мартин Танасковски
Престижниот амбиент на Монте Карло Кантри Клуб во Рокбрин-Кап-Мартен ги отвори тениските терени, затоа што таму се одржува еден од најелитните турнири од АТП Мастерс календарот.
Иако станува збор за турнир со исклучителен углед, тој има една специфичност, ова е единствениот Мастерс кој не е задолжителен за учество. Во системот на бодирање се третира како турнир од категоријата АТП 500, што им овозможува на тенисерите да го прескокнат без да загубат поени на ранг-листата. Оваа флексибилност често резултира со отсуства на дел од најдобрите играчи, особено од САД, кои избираат да направат пауза пред долгиот европски дел од сезоната на земја.
Сепак, Монте Карло знае како да ги намами тенисерите, со финансико богатство и зголемени премии. Изданието за 2026 година носи вкупен награден фонд од 6.791.465 евра. Победникот ќе инкасира 946.610 евра и 1000 поени, што претставува значајна награда во календарот. За споредба, Јаник Синер веќе ја надмина границата од еден милион евра заработка само од турнирите во Индијан Велс и Мајами.
- Распределбата на наградите изгледа вака:
Победник: 946.610 евра (1000 поени)
Финалист: 516.925 евра (650 поени)
Полуфинале: 282.650 евра (400 поени)
Четвртфинале: 154.170 евра (200 поени)
Осминафинале: 82.465 евра (100 поени)
Второ коло: 44.220 евра (50 поени)
Прво коло: 24.500 евра (10 поени)