ВИДЕО: Победникот на УС Опен тренирал тенис со – дрвена лажица!

Чешкиот тенисер Јонас Форејтек на 18 години запиша триумф на јуниорскиот УС Опен, а по големиот успех во кариерата, се појави интересно видео кое брзо стана хит.

Се работи за тренинг на Чехот, на кој тој верувале или не, игра тенис со – дрвена лажица. И тоа доста добро мава, што доволно говори за неговиот квалитет.

Во финалето на УС Опен, Форејтек беше подобар од Емилио Нава, кого го совлада со 2-1 во сетови (6-7, 6-0, 6-2).