Победи за Дрејпер и Руне, литвански аутсајдер го шокира Шаповалов во Рим

Џек Дрејпер се пласира во третото коло на АТП Мастерс турнирот во Рим, откако го доби својот меч со Лучијано Дардери со 2-0. Британецот беше сигурен против домашниот претставник во својот прв настап на турнирот во „вечниот град“ и слави за час и 19 минути. Дрејпер го доби првиот сет со 6-1, а вториот со 6-4 и во третото коло оди на мегдан со Чехот Коприва. 

Фаворитската улога ја оправда и Холгер Руне победувајќи го Франциско Комесана по голема борба со 2-1. Италијанецот отвори одлично и го доби првиот сет со 6-3, но потоа Данецот се наметна. Руне со 6-3 и 6-4 направи пресврт и по речиси три часа игра го затвори мечот. 

Изненадувачка елиминација претрпе Денис Шаповалов од литванскиот аутсајдер Вилиус Гаубас (2-0). Ова беше шок за Канаѓанецот кој котира на 28. место, бидејќи загуби од 154. тенисер на АТП ранкингот.