• Горан Упале
Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро и официјално стави крај на кариерата. Иако немаше запишано настап од 2022 година, Дел Потро реши последниот меч да го одигра против Новак Ѓоковиќ во салата „Мери Теран де Вејс“ во Буенос Аирес.
Пред нешто повеќе од 15.000 навивачи, Дел Потро успеа да ги надмине проблемите со болките во коленото и да слави по два сета со резултат 6-4, 7-5.
¡Misión cumplida! Se despide una leyenda llamada Juan Martín Del Potro ¡Gracias por todo!
Viví la despedida de Delpo en vivo en Youtube Telefe y https://t.co/2ECurz6Kmn #ElUltimoDesafio pic.twitter.com/OVSjdw6RMn
— telefe (@telefe) December 1, 2024
Секако дека резултатот беше во втор план на ваков меч, а на почетокот на вториот сет на двата тенисери им се придружија и поранешните аргентински тенисерки Жизела Дулко и Габриела Сабатини.
По крајот на мечот очекувано Аргентинецот прсна во плач, а имаше и емотивни реакции на Новак Ѓоковиќ.