Поатје е следната станица за Калин Ивановски

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пријави за настап на нов ИТФ-фјучрс турнир во овој месец.

Поатје е следната станица на македонскиот ас, турнир кој се игра на тврда подлога и вреди 15.000 долари. На овој настан, Ивановски ќе биде трети носител, а главни конкуренти ќе му бидат домашните тенисери од Франција.

Турнирот во Поатје се игра од 13 до 19 март. Калин Ивановски во моментов се наоѓа на 478 место на АТП-листата.