По пет месеци се враќа на терените: Шарапова ќе игра во Мајорка

Една од најдобрите руски тенисерки во историјата, Марија Шарапова, конечно им се враќа на тениските терени оваа сезона, откако ја прифати специјалната покана од организаторот на турнирот во Мајорка.

Поради повреда таа од јануари оваа година нема одиграно официјален натпревар, а иако беше подготвена за настап во последен момент се реши да го прескокне и Ролан Гарос. 

„Среќна сум што можам да објавам дека ја прифатив специјалната покана и ќе играм на турнирот во Мајорка. Сакам да им се заблагодарам на организаторите за пружената прилика, како и на сите фанови кои ме поддржуваа во овие тешки денови“, истакна Шарапова. 

Турнирот во Мајорка е еден од последните пред Вимблдон, а покрај Шарапова на истиот настап потврдија уште Кербер и Азаренка.