По девет загубени финалиња, конечно трофеј - Нишикори го освои Бризбејн!

Најдобриот јапонски тенисер, Кеи Нишикори го прекина малерот и по девет загубени финалиња, конечно освои АТП трофеј. Некогашниот финалист на Австралија Опен го освои турнирот во Бризбејн, откако во финалето го победи младиот Русин, Данил Медведев со 2-1 во сетови (6-4, 3-6, 6-2).

За Нишикори ова е прва титула по февруари 2016 година. Малиот Јапонец до овој триумф губеше финалиња во Мајами опен 2016, Барселона опен 2016, Мастерс Торонто 2016, Базел 2016, Бризбејн 2017, Аргентина опен 2017, Монте Карло Мастерс 2018, Јапонија опен 2018 и Виена опен 2018.

35-от тенисер според АТП листата пред првиот Грен слем годинава ги израдува своите фанови и потврди дека ќе биде фаворит од сенка на терените во Мелбурн.