ВИДЕО: Плишкова со пресврт ја доби Цуренко и по вторпат го освои Бризбејн

Каролина Плишкова по вторпат во својата кариера го освои ВТА турнирот во Бризбејн, откако во финалето по пресврт ја совлада Лесиа Цуренко со 2-1 (4-6, 7-5, 6-2).

Украинката беше многу блиску до трофејот, во вториот сет сервираше и за меч, но ги загуби последните два сервиси од вториот сет, по што следеше целосен пресврт од Плишкова. Чехињата направи серија од шест врзани гема и ја запишаа својата прва титула во 2019 година.

За Плишкова титулата во Бризбејн е нејзина 12-та во кариерата, а Цуренко првпат во кариерата загуби еден финален меч, бидејќи претходно ги доби сите свои четири финалиња.

Двете тенисерки своите настапи ќе ги продолжат на ВТА турнирот во Сиднеј, а токму во првото коло ќе имаат и меѓусебна пресметка.