ВИДЕО: Плишкова го освои Бризбејн по третпат во кариерата

Тенисерката ја брусат формата пред првиот Грен слем турнир годинава - Австралија опен. Каролина Плишкова го освои ВТА турнирот во Бризбејн и потврди дека ќе биде една од фаворитките за освојување на трофејот во Мелбурн.
 
Чешката тенисерка до својот 16-ти трофеј во кариерата стигна со победата над Американката, Медискон Кејс со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 7-5). 

За Плишкова ова беше трет триумф во Бризбејн, со што стана најуспешна на овој турнир со еден трофеј повеќе од Серена Вилијамс и Викторија Азаренка.