• Саше Љолес
Поранешниот аргентински тенисер, Хуан Мартин Дел Потро, во разговор со шпанските медиуми изјави дека бил екстремно задоволен кога Новак Ѓоковиќ го освои златниот медал на Олимписките игри и откри дека за првпат во животот плачел од среќа.
Двајцата во минатото беа големи пријатели и заедно тренираа пред силните турнири, а Дел Потро вели дека Србинот сосема заслужено дошол до најсјајното одличје и се надева дека ќе продолжи во сличен ритам и следната сезона.
„Се расплакав како мало дете кога Ѓоковиќ го освои златниот медал. Тоа е прв тениски меч кој толку многу ме совлада емотивно. Немам зборови за Новак, тој е златно момче кое плени со својот талент и се надевам дека уште долго ќе го гледаме како ги „гази“ противниците“, рече Дел Потро.
Интересно е тоа што токму Дел Потро го победуваше Новак Ѓоковиќ на Олимписките игри во 2012 и 2016 година, но сепак, тие секогаш беа во одлични односи и важат за многу блиски пријатели.