• Горан Упале
Роџер Федерер се врати на тениските терени за да одигра тренинг натпревар против Каспер Руд на Отвореното првенство на Австралија.
Федерер, кој се пензионираше пред три години и сега има 44 години, е гостин на овогодинешниот Австралија Опен. Тој одржа прес-конференција и некои други активности за јавноста, ќе биде дел од официјалната церемонија на отворање, а меѓу другото, одигра и тренинг натпревар на арената „Род Лејвер“.
Roger Federer beating Casper Ruud in a tiebreak on Rod Laver Arena.
Enjoy! pic.twitter.com/KNd5GTVhaO
— José Morgado (@josemorgado) January 16, 2026
Тоа беше тај-брејк со Каспер Руд, моментално тринаесетти тенисер во светот, а до неодамна долгогодишен играч во Топ 10, па дури на второто место.
Ова соочување заврши со победа на 44-годишниот Роџер Федерер со убедливи 7-2 во тај-брејкот, на општо задоволство на сите на трибините, но и на социјалните мрежи.



