• Саше Љолес
Американската тенисерка Џесика Пегула триумфираше на ВТА турнирот кој се играше во главниот град на Германија, Берлин, откако во финалето славеше над Русинката Ана Калинскаја со 2-1, по сетови 6-7/0, 6-4 и 7-6/3.
Калинскаја во моментов е 24. тенисерка во светот, додека Пегула ја зазема петтата позиција. Ова беше втор дуел меѓу двете противнички, а и двата досега ѝ припаднаа на Американката. Публиката во Берлин беше сведок на возбудлив финален меч, Калинскаја имаше дури пет меч топки, но Пегула успеа да се спаси и на крајот дојде до огромен триумф.
Со триумфот во Берлин, Пегула стигна до петтата титула во кариерата и го збогати своето финасиско салдо за 802.237 евра.