ВИДЕО: Пегула пресилна за Крејчикова, Американката прва полуфиналистка во Њујорк

Џесика Пегула од Соединетите Американски Држави е првата полуфиналистка на УС Опен. Таа во првото четвртфинале лесно ја совлада ланската шампионка на Вимблдон, Барбора Крејчикова од Чешка со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).

Пегула беше финалистка во Њујорк минатата година, а за место во овогодинешното финале ќе се бори со победничката од мечот Арина Сабаленка и Маркета Вондрусова.

Во утрешните четвртфинални мечеви кај жените играат: Каролина Мухова – Наоми Осака и Аманда АнисимоваИга Швјонтек.

ФОТО/PHOTO: US Open