Павличенкова го доби маратонот во Хонгконг, Стрицова го освои Линц

21. тенисерка на ВТА листата, Анастасија Павличенкова е победник на ВТА турнирот во Хонкконг, откако по три часа и три минути во исцрпувачко финале извојува победа против Дариа Гаврилова од Австралија со 2-1 во сетови (5-7, 6-3, 7-6/3).

Сите три сета беа крајно неизвесни, тенисерките правеа серија на неизнудени грешки, па видно уморни влегоа во тај-брекот на третиот сет. Повеќе енергија имаше Русинката и извојува значајна победа за нејзин прв освоен турнир во 2017 година.

Чешката тенисерка Барбара Стрицова го освои ВТА турнирот во Линц, откако во финалето ја победи Рибарикова од Словачка со 2-0 во сетови (6-2, 6-1).