„Паузата не му одговара на Надал ниту физички, ниту психички...“

Рафаел Надал

Пандемијата со коронавирусот ги натера најдобрите тенисери на светот да прават долга пауза. За некои од нив таа е добредојдена, но за други нема да има позитивни последици, смета тренерот на Рафаел Надал.

Франсиско Роиг вели дека неговиот играч ќе има проблеми кога повторно ќе се врати на терените.

„Оваа долга пауза не му одговара на Рафа, ниту физички, ниту психички. Тој е тенисер кој функционира во ритам, па ќе му треба малку време за да се врати на старите навики“, вели тренерот на Надал.

Од стартот на кариерата во 2001 година, „бикот од Мајорка“ не направил толкава пауза и учествувал речиси на сите можни турнири. 

Планот е тенисот да се врати во нормален тек во август, доколку ситуацијата со коронавирусот биде под контрола.