Париз му се поколни на тенискиот виртуоз Монфис

Гаел Монфис беше во центарот на вниманието на специјална церемонија организирана во рамките на мастерс турнирот во Париз, каде што француската публика имаше можност да му оддаде почит на еден од најатрактивните тенисери на својата генерација.

Иако 40-годишниот Французин имаше намера да ја заврши својата богата кариера со последен настап пред домашните навивачи, околностите доведоа до тоа да се повлече од професионалниот тенис без да се појави на теренот за своето планирано збогување. Сепак, неговото испраќање беше исполнето со емоции и незаборавни моменти.

На церемонијата му се придружија и неколку други големи имиња на францускиот тенис како Жо-Вилфрид Цонга, Жил Симон, Ришар Гаске и Беноа Пер, кои заедно со публиката му приредија посебен момент на Монфис.

Францускиот тенисер со години ја освојуваше наклонетоста на љубителите на тенисот благодарение на својот спектакуларен стил на игра, експлозивноста и неверојатните физички способности. Во текот на кариерата успеа да се искачи до шестото место на АТП-листата, највисокото рангирање во неговата кариера, во 2016 година.

Монфис зад себе остава импресивна статистика со 13 освоени титули на АТП-турнирите, како и уште 22 финалиња. Посебно место во неговото тениско наследство има рекордот за најмногу победи на француски тенисер на турнирите од категоријата Мастерс 1000. Монфис забележа вкупно 146 триумфи, со што се запиша во историјата на францускиот тенис.