• Саше Љолес

Чешката тенисерка Барбора Крејчикова е сензационален победник на овогодинешниот Вимблдон, откако славеше во големото финале над Италијанката Јасмине Паолини со 2-1, по сетови 6-2, 2-6 и 6-4.
Паолини започна со силен налет и прикажа извонредна игра во првиот сет, но потоа Крејчикова повторно влезе во посакуваниот ритам и успеа во следните два сета да ја заокружи големата победа.
За Чехињата ова е втор триумф на Грен-Слем турнирите (го освои Ролан Гарос во 2021 година) и сигурно ќе има огромен скок на ВТА листата, каде во моментов се наоѓа на 32. позиција. Паолини пружи силен отпор во решавачкиот сет, но Крејчикова беше доволно фокусирана и не дозволи триумфот да ѝ биде загрозен.