Паолини ја надигра Векиќ и обезбеди прво историско Грен-Слем финале!

Италијанската тенисерка Јасмин Паолини извојува нова голема победа на овогодинешниот Вимблдон, откако славеше во полуфиналето над Дона Векиќ од Хрватска со 2-1, по сетови 2-6, 6-4 и 7-6/10. 

Иако Векиќ изненадувачки тргна силно и со фуриозна игра го доби првиот сет, сепак во продолжение нештата драстично се променија и Паолини успеа да ја надигра Хрватката, која во моментов е 32-ра светска тенисерка. 

За Италијанката ова е најголем успех на Грен слем турнирите и за првпат во својата кариера се пласира во големото финале, а таму ќе се сретне со подобрата од дуелот помеѓу Елена Рибакина и Барбора Крејчикова

Јасмин Паолини е првата Италијанка која успеала да се пласира во мечот за титулата на неофицијалното светско тениско првенство.