• Горан Упале
Италијанката Јасмин Паолини се пласира во финалето на Мастерсот во Синсинати со победата над Русинката Вероника Кудерметова. Второто полуфинале во Синсинати траеше 140 минути, а седмата носителка славеше во три сета – 2-1 (6-3, 6-7, 6-3).
На Паолини ѝ беше потребен само еден брејк во осмиот гем за да го скрши отпорот на својата ривалка и да го освои првиот сет. Истата предност ја имаше и во вториот сет, но кога сервираше за победа на 5-4, потфрли и сетот влезе во тај-брејк. Италијанката таму целосно се распадна, а Кудерметова се избори за одлучувачки сет. Сепак, во клучните моменти квалитетот на Паолини дојде до израз, откако освои гем на сервис на противникот во шестиот гем, а подоцна рутински ја заврши работата.
Во големото финале, нејзина противничка ќе биде Ига Швјонтек, која претходно беше подобра од Елена Рибакина. Швјонтек славеше со 2-0 во сетови, по 100 минути борба (7-5, 6-3).
Третата тенисерка во светот, се пласира во финалето без да изгуби сет на целиот турнир, а воедно го зголеми и својот меѓусебен скор на 6-4 против Казахстанката.

