• Иван Димовски
Мастерс турнирот од серијата 1.000 во Париз тргна со неколку изненадувачки резултати.
Веројатно најголемото го приреди Франциско Черундоло кој со 2-0 го победи и елиминира Андреј Рубљев во втората рунда. Аргентинецот играше вторпат во Париз, а Русинот првпат и загуби од аутсајдерот. Се играа два сета до тај-брејк, а во двата подобар беше Черундоло.
Елиминација доживеа и Хуберт Хуркач во дуелот со Алекс Микелсен (2-0). Американскиот тенисер го совлада фаворитот со 6-1 и 6-3, релативно лесно за помалку од еден час.
Изненадувачка беше и елиминацијата на Френсис Тиафо кој беше поразен со 1-2 (7-6, 6-7, 3-6) за два часа и пет минути од Џовани Мпетши Перикар.