Падна голем скалп во Њујорк: Остапенко ја исфрли најдобрата на светот!

Првата светска тенисерка Ига Швјонтек доживеа неочекуван крај на патот на УС Опен. Во осминафиналето во Њујорк, подобра од полската тенисерка беше Јелена Остапенко, која ја совлада фаворитката во три сета со 2-1. 

Швјонтек загуби свој сервис уште во првиот гем, меѓутоа таа веднаш врати и потоа со уште еден брејк дојде до 6-3 и предност од 1-0. Остапенко успеа да го крене нивото на својата игра, па со иста мера и 6-3 успеа да дојде до егал. 

Летонката во третиот сет го одлучи експресно, за 28 минути и со моќни 6-1 покажа како се игра против бранителката на тронот на УС Опен. 

Во четвртфиналето Остапенко ќе оди на мегдан со Коко Гоф.