Пад на Ѓоковиќ на АТП листата, Алкараз не е повеќе на второто место

По Мастерсот во Париз се случија две важни промени: Новак Ѓоковиќ падна од четвртото на петтото место, додека Александар Зверев сега е втор на АТП листата.

Српскиот ас загуби 1.000 поени со неиграњето на Мастерсот кој го освои лани и со 5.210 поени падна на петтото место. Сега Данил Медведев е четврти со 20 бода повеќе од српскиот ас.

Александар Зверев убедливо го совлада Уго Умбер (скокна на 14. место) во финалето во Париз и со 910 освоени поени го мина Карлос Алкараз и е вториот тенисер во светот. Германецот има 7.715, додека Шпанецот 7.210 бода. 

Меѓу најдобрите десет се најдоа уште Тејлор Фриц, Каспер Руд, Алек Де Минор, Андреј Рубљев и Григор Димитров.