• Саше Љолес

Италијанскиот тенисер Матео Беретини се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако успеа во три сета да го елиминира Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло (6-3, 7-6/2, 7-6/6).
Беретини ја заокружи мисијата за два часа и 28 минути, остварувајќи една од најзначајните победи во кариерата. Во следната фаза, противник ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Францес Тиафо и Матео Арналди.
Пласман во четвртфиналето обезбеди и Феликс Оже-Алијасим, кој со 3-0 го совлада Алехандро Табило (6-3, 7-5 и 6-1).
Канаѓанецот ја заврши работата за два часа и осум минути, со што си закажа четвртфинален дуел со Италијанецот Флавио Коболи.





