• Сашо Поповски

Новак Ѓоковиќ закажа полуфинален дуел со Каспер Руд на турнирот кој се игра во Рим.
Првиот светски рекет во два сета го доби мечот со Феликс Оже-Алиасим (7-5, 7-6/). Канаѓанецот покажа заби и во одредени моменти од судирот добро се држеше против фаворитот.
Во првиот сет Србинот пропушти сервис за 6-3 и дозволи противникот да се врати во игра. Меѓутоа неколку минути подоцна направи втор брејк и поведе во полуфиналето.
По голема борба Ѓоковиќ стигна до предност во шестиот гем од вториот сет. Следуваше израмнета игра во продолжението, а мечот поинтересен го направи тенисерот од Канада, кој успеа да спаси меч топка и да избори рај-брејк. Во одлучувачките пресуди искуството на српскиот ас, кој веднаш направи разлика и си го отвори патот кон победата.
Вториот полуфинален пар го сочинуваат Стефанос Циципас и Александер Зверев.