„Ова не е шега“: Серена Вилијамс ќе игра на Вимблдон!

Една од најдобрите тенисерки во историјата, Серена Вилијамс, ќе се врати на сингл турнирите и тоа на претстојниот Вимблдон.

Трофејната Американка прифати специјална покана од организаторите и доби место во главната ждрепка за престижниот Грен слем турнир. Пред настапот во Лондон, Вилијамс одигра два турнири во конкуренција на двојки.

Серена седум пати го има освоено Вимблдон, а во кариерата има вкупно 23 Грен слем титули, само една помалку од рекордот на Маргарет Корт. Покрај настапот во сингл, Вилијамс доби вајлд-карта и за турнирот во двојки, каде што ќе игра заедно со својата сестра Венус.

Противничката во првото коло на Вимблдон ќе ја дознае во петок, кога ќе биде одржана ждрепката за турнирот што стартува на 29 јуни.