Ова ќе биде голема штета за фановите: Зверев го пропушта Австралија опен поради повреда!?

Зверев

Германскиот тенисер Александар Зверев би можел да не настапи на Австралија опен, првиот Грен слем турнир во сезоната, поради повреда со која што се здобил на еден тренинг.

Младиот 21-годишен Германец се пожалил на болка во задниот дел од мускулот на ногата, па тоа го натерало да се откаже од егзибициски меч во Аделаиде. Нема никакви информации околу сериозноста на поведата, но едно е јасно, а тоа дека тој ќе мора да се фокусира само на рехабилитација до 14 јануари, кога започнува натпреварувањето во Мелбурн.

Покрај Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал, токму Зверев е еден од тенисерите од кои фановите очекуваат висок пласман на овој турнир.

Ждрепката за првото коло на отвореното првенство во Австралија е закажана за в четврток.