„Отсекогаш сум сонувал да го победам големиот Роџер Федерер“

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер важи за еден од најдобрите, ако не и најдобриот во историјата на „белиот спорт“. Младите тенисери сонуваат да го победат на теренот, а еден од нив е и полскиот тенисер Хуберт Хуркач.

Младиот Полјак чија тениска кариера допрва треба да се развива истакна дека отсекогаш сонувал на теренот да го победи Роџер Федерер. 

„Отсекогаш сум сонувал да го победам големиот Роџер Федерер, но не сум ја имал таа прилика досега. Од Роџер можете да научите многу, не само за тенисот, туку и за животот. Поради тоа јас сум импресиониран од него и го гледам како пример“, изјави Хуркач.

Федерер и Хуркач досега имаат одиграно само еден натпревар, на турнирот во Индијан Велс, каде Швајцарецот победи во два сета.