Откриен планот за организација на Вимблдон 2021

Вимблдон

Организаторите на Вимблдон најавија дека турнирот ќе се одржи во 2021 година, без разлика дали ќе има можност за навивачи или не.

Грен слемот во Лондон беше единствен од големите турнири кој не се одржа оваа сезона. Тоа се случи првпат по далечната 1945 година.

„Организирањето на турнирот во 2021 година е наш приоритет и ние сме активно вклучени во планирање на сценарија со цел да го постигнеме тој приоритет“, изјави извршниот директор на Вимблдон, Сали Болтон.

Три опции се разгледуваат и тоа со максимален број публика, со ограничена бројка навивачи или организација без присуство на фанови.

Конечната одлука ќе зависи од протоколите кои во периодот кога треба да се одигра турнирот (28 јуни до 11 јули) ќе ги донесе Владата на Велика Британија.