Откажан голф турнирoт во Бризбејн, загрозен е и Австралијан Опен?

Надлежните во Австралија се решија за радикален потег и го откажаа големиот голф турнири во својата земја за 2021 година. 

Според дописот, владата од оваа земја советувала поради пандемијата на ваков чекор, а надлежните ја донесоа тешката одлука. 

„Како што советуваше владата на Австралија, имајќи ги в предвид околностите кои ги предизвика пандемијата на коронавирусот, моравме да донесеме тешка одлука. Со цел да се заштити здравјето на играчите, известуваме дека големиот турнир во Австралија планиран за 2021 година е откажан“, напишаа организаторите.

Овој турнир беше закажан за 18 февруари, а веднаш предизвика паника и меѓу тениските фанови. 

Во Австралија на стартот на новата година стандардно се одржува првиот Грен слем турнир во годината, па со откажувањето на натпреварувањето во голф еден месец подоцна, се доведува во прашање и одржување на Австралијан Опен.