Останува едно празно место за Лондон: Еве ги кандидатите за учество на завршниот турнир

Лондон

Најновата АТП листа не донесе големи промени на врвот. Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста пред Рафаел Надал и Доминик Тием. На четвртото место остана Роџер Федерер, иако не игра поради операција на коленото.

Тројца од нив обезбедија пласман на завршниот турнир во Лондон, кој ќе се одигра за две недели. Покрај нив место има уште и за Стефанос Циципас, Данил Медведев, Александер Зверев и Андреј Рубљев.

Тоа значи дека останува уште едно празно место за турнирот на кој за титула се борат најдобрите осум тенисери на светот. Тие се делат на две групи и разигруваат за пласман во полуфиналната фаза.

За тоа место има четири кандидати и тоа Диего Шварцман, Матео Беретини, Пабло Карено-Буста и Давид Гофин. Тие имаат најголеми шанси да се најдат во ждрепката, но има и такви за кои веројатноста за настап е помала. Меѓу нив се Милош Раониќ, Карен Хачанов, Стен Вавринка и Феликс Алисиме.

Завршниот турнир во Лондон се игра од 15 до 22 ноември. Титулата од минатата сезона ја брани Циципас.